
Во дваесет и првото коло од италијанската фудбалска Серија Б, Беневенто ремизираше со 0-0 против Парма.
Домаќините од Кампанија постигнаа погодок уште во втората минута преку Франческо Форте, но истиот беше поништен поради офсајд.
Беневенто ја продолжи својата доминација и во останатиот дел од мечот, но не успеа да ја затресе мрежата на Џанлуиџи Буфон.
Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев, дебитираше во дресот на Парма, откако влезе во игра на стартот на вториот дел наместо Адријан Бенедичак.
На табелата, Беневенто остана на четвртото место, додека Парма ја зазема тринаесеттата позиција.



