Во интересен и драматичен натпревар Струга во рамките од 18. коло од Супер лигата беа подобри од Прилеп со еден гол разлика, 22:21 (полувреме 12:10). Струга до оваа победа стигна со голот на Јанкуловски од пенал на десет секунди до крајот. Во последните секунди Прилеп не успеа да погоди пошто следеше големото славје на домаќините.
Домаќинот благодарение на одличната одбрана поставена од тренерот Танески и младите голмани Стојановски и Тутенковски стигнаа до тешка, но заслужена одбрана. Блажески и Бајрактаревиќ со по 6 гола беа најефикасни кај Струга, a мора да се спомене и одличниот натпревар на Никола Цветаноски кој постигна 3 голови и одигра одлично 60 минути во одбраната. Шокоски со 9 голови беше најдобар во тимот на Прилеп.