Во НУ музеј “Д-р Никола Незлобински” во Струга беше отворена изложбата ,, Уметнички дела – Растенија од Струга и околината,, чиј автор е Лида Шерафатманд, меѓународен уметник. На овие уметничките дела што таа ги има насликано се претставени растенија од Струга и планината Јабланица на еден многу поинаков начин. Главната тема на нејзините слики се цвеќињата, кои таа ги користи симболично и како метафорa за да создаде концепти на општествените области во нејзините слики.


Овие уметнички дела ќе бидат дел од изложбата на Лида Шерафатманд во “Флорал Арт Музејот” во Амстердам во Холандија. Вредно е да се спомене дека делата на Лида изминатата година се појавија како насловни корици на некои академски книги од Кембриџ Универзитетот. Издадени се и две официјални поштенски марки со две нејзини слики кои ги насликала во Струга, една поштенска марка од Кина и една од Лијхтејнштајн. Инспирирана од разновидноста на флората во Струга, таа ја создава збирката слики со растенија од Струга и околината, за НУ Музеј ,, Д-р Никола Незлобински ,,.

