Викендов, Влатко Лозаноски – Лозано во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје приреди вечер која долго ќе им остане во сеќавање на сите присутни.


Салата беше исполнета до последното место, а публиката уживаше во секој момент од концертот. Вистинско освежување на сцената беа младите балерини од Студиото за танц „Бах“ од Струга, кои внесоа посебна енергија и го придружуваа Лозано во текот на целиот концерт.

Секоја нивна точка беше внимателно осмислена и изведена, од првата до последната, дополнително збогатувајќи ја атмосферата и сценскиот спектакл.

Покрај Лозано и Бах на сцената видовме уште многу гости и пријатели на Лозано кои го збогатија големиот спектакл, а и неговиот син Марко. Македонија може да биде само горда на вакви пејачи и уметници, а Лозано е веројатно најдобриот помеѓу нив.






