Поради неповолните временски услови во Ленцерхајде, Швајцарија, последниот спуст од Светскиот куп во алпско скијање во машка и во женска конкуренција беше целосно откажан.
Со оглед на тоа дека заврши сезоната во оваа дисциплина, со мал кристален глобус се здобија Беат Фојц и Софија Гоџа.
Кај мажите, Фојц дојде до четвртиот глобус во спуст во низа со освоени 486 поени.
После него се пласираа Матијас Мајер (418) и Доминик Парис (338).
Од друга страна, за Гоџа ова беше втора титула во најбрзата дисциплина, односно прва после 2017/18.
Италијанката, иако не учествува на трките веќе еден и пол месец поради повреда, сепак стигна до 480 поени со четирите победи и со едното второ место.
Во поредокот, позади неа се пласираа двете Швајцарки – Корин Сутер (410) и Лара Гут-Бехрами (383).
Кај мажите, голем ,,среќник” излезе Алексис Пантуро, кој сè уште води во генералниот пласман, а со откажаната денешна трка доби добра прилика за да го остави брзинскиот специјалист, Марко Одермат и понатаму зад себе.
📸 Michel Cottin/Agence Zoom/Getty Images



