Руските судии предводени од Сергеј Карасев кој беше главен арбитар на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах, не клекнаа пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите во знак на солидарност кон движењето „Black Lives Matter“ кое се бори против расизмот и насилството врз црните луѓе и тоа беше доволно да бидат нападнати по социјалните мрежи дека се расисти.
Дојде реакција и од УЕФА од каде потврдија дека нема да има никаква казна за судиите, бидејќи клекнувањето како симбол на борбата против расизмот не е задолжително, туку по индивидуален избор и желба.