Овогодинешното 43. издание на познатото рели Дакар ќе се одржува од 3 до 15 јануари во Саудиска Арабија.
Оваа азиска земја, по вторпат во низа ќе биде домаќин на престижната трка. Истата ќе започне и ќе заврши во градот Џедах.
Новитет ќе биде новиот начин на дистрибуција на мапите, кои наместо претходниот ден, возачите ќе ги добијат непосредно пред стартот. Потенцијално, овој метод ќе донесе повеќе возбуда, но и подолги етапи, имајќи предвид дека натпреварувачите ќе немаат време за да ја простудираат рутата.
Претстојното издание ќе има шест категории: мотоцикли, четирицикли, автомобили, камиони, ССВ и класик.
Минатата година, шампиони беа: Рики Брејбек (мотоцикли), Игнасио Касале (четирицикли), Карлос Саинц (автомобили), Андреј Каргинов (камиони) и Кејси Кари (ССВ).