Лино Червар прославениот ракометен стручњак и некогашен селектор на македонската репрезентација и тренер на скопски Металург, во едно интервју направи паралела кој спортисти се губитници, а кој се победници па вели:
„Не можам да кажам дека Никола Карабатиќ е најдобар, но сигурно е во кругот на најдобри на светот. Тој е вистински ас, нешто што на пример, Лионел Меси не е. Меси е само медиумски ас“ – потенција хрватскиот ракометен стратег.
„На пример, Марадона беше победник, како и Кристијано Роналдо, како и Балиќ и Карабатиќ во ракометот. За мене, Меси не е тоа. Да беше Меси толку голем ќе станеше светски првак со Аргентина. Роналдо е поголем од него, Роналдо дава голови кога треба, лидер е, вистински фудбалски ас, за разлика од Меси“ – дообјасни Лино Червар.