Популарното А420 Дерби, помеѓу Свиндон и Оксфорд Јунајтед, се одигра денес во рамките на 35. коло од англиската Лиг 1.
На него, претставниците на универзитетскиот град славеа со 1-2.
Имено, Оксфорд поведе уште на самиот почеток преку Брендон Баркер (3′), а ја удвои својата предност во финишот, благодарение на Даниел Аџеи (82′).
Во меѓувреме, Свиндон испушти одлична прилика за израмнување на 1-1, но најдобриот тимски голгетер, Брет Питман, не беше прецизен од белата точка (72′).
Поранешниот член на Портсмут беше запрен од голманот Џек Стивенс, кој на вториот натпревар по ред успева да одбрани пенал.
Сепак, домаќините успеаја да постигнат почесен погодок во судиското продолжение, а стрелец, за првпат во сениорската кариера, беше Тејлор Куран (90+2′).
Откако Виган и Бристол Роверс ги добија своите ривали, третиот пораз во низа на Свиндон значеше и пад во ,,црвената” зона.
Од друга страна, Оксфорд Јунајтед е деветти со два бодови заостаток во однос на позициите што носат плејоф.
📸 Alex Burstow/Getty Images