После 34 кола, на врвот на англиската Лиг 1 се наоѓаа Хал и Питерборо.
Токму овие две екипи се соочија во рамките на 35. коло. Нивниот меч заврши со 1-3 во корист на Хал, кој остана на првата позиција.
Имено, со вториот овосезонски погодок, Рис Браун (8′) му донесе рано водство на домашниот состав, а во 21. минута, Хал израмни преку Рис Бурк.
Клучниот момент на мечот се случи на четири минути до истекот на првото полувреме, кога Итан Хамилтон доби втор жолт картон и го остави Питерборо со десетмина на теренот.
Во вториот дел, Хал имаше потполна контрола на топката и дојде до конечниот триумф со головите на Кин Луис-Потер (49′) и на Малик Вилкс (60′ од пенал).
📸 Twitter: Hull City