Два лути ривали во последно време, пред сè поради нивната компетитивност, Портсмут и Сандерленд, се соочија во рамките на 35. коло од англиската Лиг 1.
Нивниот меч заврши со резултат од 0-2 во корист на Сандерленд што значи дека и двата тимови остануваат во плејоф-зоната.
Имено, Сандерленд остана на третото место со сериозни шанси за самиот врв, додека Портсмут е шести.
На мечот, Чарли Вајк (13′) му донесе почетно водство на гостинскиот состав со својот 21. овосезонски погодок, доволен за израмнување на првото место на листата на стрелци со Џонсон Кларк-Херис (Питерборо).
Во второто полувреме, клучен елемент беше киксот на дефанзивецот на ,,Помпи”, Шон Регет, кој резултираше со вториот гол во дресот на ,,Црните мачки” на Џордан Џонс (59′).
📸 Twitter: Sunderland AFC



