Ботошани имаше неверојатна епизода со новото засилување од Сирија, Махмуд Ал Мавас, а на крајот сепак стигна до него и го реализираа договорот. Ал Мавас беше договорен со клубот за кој играат и нашите репрезентативци, Давид Бабунски и Стефан Ашковски, но потоа едноставно исчезна.
Со денови раководството на Ботошани се обидуваше да го најде 27-годишниот репрезентативец на Сирија, а тој воопшто не им одговарал на повиците, а причината била тоа што во Сирија бил ограбен и му бил одземан телефонот со кој што не бил во можност да искомуницира со романскот клуб.
Сепак фудбалерот е среќен што не му пропаднал трансферот и што сепак се склучил договорот. Мавас има 44 настапи за Сирија и ќе биде засилување за Ботошани, екипа што има амбиции да игра во плејофот за титулата во Романија.



