Се ближи разделбата помеѓу Јоаким Лев и германската репрезентација, а селекторот кој е предводник на „Панцирите“ од 2006 година е во опасност да добие отказ.
На 4. декември ќе се одлучува за неговата судбина, а тогаш челниците на германската фудбалска федерација ќе имаат состанок со селекторот, со само една точка на дневен ред, дали Лев ќе добие отказ, или ќе продолжи да го предводи националниот состав на четирикратниот светски првак.
Лев е селектор на Германија од 2006 година, откако претходно две години беше помошник-тренер на Јирген Клинсман во националниот состав. Со Германија ја освои мундијалската титула во 2014 година, а се уште се памети победата од 7:1 против домаќинот Бразил на патот до светската круна.
Со Јоаким Лев на кормилото германците победија на Купот на Конфедерации во 2017 година, а беа трети на Светско првенство 2010 и сребрени на Европско првенство 2008 година.



