Словенецот со македонско потекло го претрпе првиот неуспех во петтиот меч како кормилар на српскиот гигант и тоа во вечното дерби. Сашо Филиповски го претрпе првиот пораз како тренер на Партизан, а вечниот ривал Црвена Ѕвезда славеше во драматичен меч со 86:85.
Филиповски беше непоразен на досегашните четири меча, како предводник на поранешниот европски првак, а секогаш поразите од вечниот ривал Црвена Ѕвезда се болни за Партизан и обратно.
Најдобри поединци во победничкиот табор на Црвена Звезда беа Лојд со 18 поени и Волден со 16 поени, додека во тимот на Партизан се истакнаа Рашон Томас кој постигна 19 поени и Мекинтаер зад своето име запиша 15 поени.



