Крикетарите на Англија и на Западните Инди, во текот на месец јули ги играат своите тест натпревари од првата интернационална серија во 2020.
Првиот тест го добија претставниците на Карибите, додека изминатиот викенд, Англија со убедливата победа успеа да израмни на вкупен резултат од 1-1.
Третиот тест ќе биде одигран овој викенд, а во пресрет на истиот, Англичаните денес го објавија и својот состав.
За актуелните светски шампиони во еднодневен крикет, на третиот овомесечен тест, ќе настапат:
Џоу Рут (капитен), Џејмс Андерсон, Џофра Арчер, Дом Бес, Стјуарт Броуд, Рори Барнс, Јос Батлер (викет-кипер), Зек Кроули, Сем Куран, Оли Поуп, Дом Сибли, Бен Стоукс, Крис Воукс и Марк Вуд.
Новитет во однос на претходниот тест е враќањето на Џофра Арчер, кој претходно беше суспендиран поради непочитувањето на карантинските правила. Сепак, со двата негативни тестови, Англичанецот роден во Барбадос успеа да се врати во стартниот состав.