Во текот на наредната недела ни претстои репрезентативниот фудбал, кој дури и ќе одлучи кои држави ќе настапат на ЕУРО наредната година.
Сепак, овде се јавуваат проблеми кога е во прашање Англија. Имено, челниците на Премиер лигата им забранија на тимовите да ги пуштат Скандинавците да настапат за своите селекции поради новите мерки за справување со Коронавирусот.
Англичаните јавуваат дека, доколку некои од фудбалерите отпатуваат надвор од Англија, на враќање ќе треба да поминат четиринаесет дена во самоизолација. Ова најповеќе се однесува за Данска, а поради оваа држава, проблеми имаат уште Шведска и Исланд (поради меѓусебните дуели).
Дополнителни проблеми за овие скандинавски држави се јавуваат по фактот дека во Премиер лигата настапуваат нивните најголеми ѕвезди како: Каспер Шмајхел (Лестер), Јонас Лосл (Евертон), Андреас Кристенсен (Челзи), Јаник Вестергаард (Саутемптон) и Пјер-Емил Хојбјерг (Тотенхем) за Данска, Виктор Линделоф (Манчестер Јунајтед), Емил Крафт (Њукасл) и Робин Олсен (Евертон) за Шведска, односно Гилфи Сигурдсон (Евертон) и Јохан Гудмундсон (Барнли) за Исланд.
Во неизвесност се судбините на неколку дуели што можеби ќе бидат одиграни на неутрални терени, но засега без официјални информации. Овде спаѓаат Данска – Шведска (11 ноември), Данска – Исланд (15 ноември), Англија – Исланд (18 ноември) и Мидтјуланд – Ливерпул (9 декември).
Извор: Сан Фудбал