Немања Обрадовиќ поранешниот ракометар на Металург е во преговори за премин во екипата на Загреб. Левиот бек кој игра и како среден бек после одличните настапи за Металург направи трансфер во Висла Плок, а минатата сезона играше и за тимот на Мешков Брест.Со ова се отвора простор да се реализира трансферот на Анте Гаџа во екипата на Вардар.