Неочекуваната смрт на фудбалската легенда, Диего Марадона, го потресе целиот свет.
Сепак, еден клуб го доживува Аргентинецот како светец, а тоа е италијанскиот Наполи.
Марадона ги предводеше ,,Аѕурите” до единствената европска титула, УЕФА Купот (во 1988/89), како и до единствените два прволигашки трофеи (во 1986/87 и во 1989/90).
За ,,Наполитанците”, легендарниот ДМ10 одигра 188 мечеви, на коишто заби 81 погодок.
Во негова чест, челниците на Наполи одлучија да го преименуваат стадионот ,,Сан Паоло”, со капацитет од 54 726 гледачи во ,,Диего Армандо Марадона”.



