Репрезентативецот на Србија, Богдан Богдановиќ и некогашен член во Европа на Партизан и Фенербахче пронајде нов ангажман во НБА и ќе настапува за Атланта Хоукс. Кошаркарот имаше можност да заигра и за Милвоки Бакс, но работите не отидоа во посакуван правец и Богдановќ на крај се реши за понудата на Атланта, при што се опрости од навивачите и подржувачите на Сакраменто Кингс за неизмерната подршка, а со соиграчите и стручниот штаб за соработката.