Македонија ќе биде во четвртиот шешир за ждрепката за квалификациските групи за Мундијалот во Катар што ќе се одржи на 7 декември во Цирих, Швајцарија, од 18 часот.
Постоеја шанси да бидеме и ранг погоре, но поразот од Ерменија нè остави во четвртиот шешир заедно со БиХ, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург, селекции кои не можат да ни бидат противници.
Европа ќе има 13 загарантирани места за настап на Светското првенство што ќе се игра во Катар од 21 ноември до 18 декември во 2022 година, со учество на 32 репрезентации.