Џад Белингам е досегашен фудбалер на Бирмингем Сити, кој неодамна премина во редовите на Борусија Дортмунд за неверојатни 25 милиони фунти. Англичанецот е роден на 29 јуни 2003 година, па исплатената сума е рекордна кога станува збор за еден седумнаесетгодишник.
Во изминатата сезона, Белингам одигра четириесет и четири натпревари за Бирмингем и заби четири голови.
Синоќа, во рамките на последното коло од сезоната 2019/20, Бирмингем се соочи против Дерби Каунти на домашниот „Ст. Ендру’с“ што воедно беше последниот натпревар на Белингам на домашен терен.
По натпреварот, 17-годишниот фудбалер остана да седи на теренот и низ солзи да се опрости од празните трибини на својот омилен клуб.
Официјално, Бирмингем Сити реши да го повлече дресот со број 22 во чест на својот млад играч и продукт од сопствената академија!
„Сакам да им се заблагодарам многу [на навивачите и на членовите на Бирмингем] за изминатата сезона и за приликата што ми ја дадоа. Што и да се случи, јас засекогаш ќе бидам „син“ (навивач на Бирмингем). Ова е мојот клуб. Го сакам многу овој клуб. Ќе се потсетувам на Бирмингем Сити само со љубов и со убави мемории.“ – се огласи младиот фудбалер за „БлусТВ“.