петок, август 12, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

ОФИЦИЈАЛНО: Легендарниот фински голман заминува во пензија

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јули 13, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Glenn James/NHLI via Getty Images

Денес, официјално, своето пензионирање го објави легендарниот фински хокеарски голман – Пека Рине.

Рине има 38 години, а во својата сениорска кариера ги бранеше боите на три сениорски екипи – Карпат, Нешвил Предаторс и Динамо Минск.

Петнаесет години од својот живот, Финецот ги помина во НХЛ, поставувајќи бројни рекорди за франшизата на Предаторс.

Рине е рекордер на тимот од Тенеси по бројот на одиграни средби во регуларната сезона (683), на стартови (667), на победи (369), на шут-аути (60) и на одбрани (17 627).

Исто така, Рине е само еден од вкупно дванаесет голмани во историјата на НХЛ што имаат над 350 победи и над 60 шут-аути.

Што се однесува до плејофот на НХЛ, Финецот има 45 победи од вкупно 89 средби во доигрувањето со просек од 91% на одбранети шутеви.

,,Над петнаесет години бев дел од едно неверојатно патување со Нешвил Предаторс, кое ми го промени животот и ме однесе на повеќе места отколку што можев да замислам… Оваа одлука не беше лесна, но знам дека е вистински избор во вистинско време.”

,,Најавувајќи го моето пензионирање, сакам да им се заблагодарам на моите родители, на моите сестри, на мојата партнерка Ерика, на сите членови на Предаторс (менаџери, стратези, тренери), на моите соиграчи и на моите тренери од младинските категории во Финска.”

,,За крај, им се заблагодарувам на луѓето од Нешвил. Секој од вас придонесе да станам маж, татко и човек каков што сум сега.” – порача Рине.

Tämä päivä on omistettu Vezina Trophy-voittaja Pekka Rinteelle 💛💛 pic.twitter.com/Nh0zOFsqXP

— NHL Suomi (@NHL_fi) July 13, 2021
Tags: НешвилНХЛРинеФинскаХокеј
ShareTweet
Претходна вест

ВО ЖИВО: Македонија – Луксембург

Следна вест

(Фото) НЕВЕРОЈАТНО! Во траект во Хрватска се возел ТИГАР без знаење на екипажот

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн
Останато

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?
Спорт

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија
Останато

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале
Ракомет

Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Авг/2022
Следна вест
(Фото) НЕВЕРОЈАТНО! Во траект во Хрватска се возел ТИГАР без знаење на екипажот

(Фото) НЕВЕРОЈАТНО! Во траект во Хрватска се возел ТИГАР без знаење на екипажот

Последно

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале

(ВИДЕО) Мелбурн избори плејоф со убедливата партија против Пенрит

(ВИДЕО) Метс и Синсинати се ,,распукаа” во првите шест ининзи

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.