Целиот стручен штаб заедно со возачите, механичарите и останатите членови на сите Ф1 тимови одлично се справуваа со Коронавирусот сè до денес, кога официјално беше објавен првиот позитивен случај.
Станува збор за возачот на „Расинг Поинт“, Серхио Перез, кој очигледно ќе ја пропушти трката за големата награда на Велика Британија закажана за претстојниот викенд. На местото на Перез, кој веќе е во самоизолација, на патеката најверојатно ќе се појави неговиот сонародник – Естебан Гутиерез.
На трите овогодишни трки, Перез, двапати се пласира на шестото и еднаш на седмото место. Со вкупно освоени дваесет и два бода, Мексиканецот ја зазема шестата позиција во генералниот пласман.