
На натпреварот помеѓу Данска и Финска од Европското првенство во фудбал, кое се одржа изминатото лето, Кристијан Ериксен колабираше на теренот.
Данскиот репрезентативец, тогашен фудбалер на Интер, доживеа срцев удар и неговиот живот беше спасен поради брзата реакција на медицинскиот тим.
Поради срцевите проблеми и поради вградениот бај-пас, Интер не му дозволи на Ериксен да настапи повторно во професионалните натпреварување што значеше дека фудбалерот за врска остана без ангажман.
После повеќемесечно отсуство од фудбалските терени, Данецот ги оправда шпекулациите и стапи во контакт со новиот англиски премиерлигаш.
Станува збор за Брентфорд, каде што Ериксен потпиша договор на шест месеци и ќе заигра во Премиер лигата за првпат после две години, кога беше член на Тотенхем.
Во Брентфорд, Ериксен ќе биде предводен од Данецот Томас Франк, а во тимот ќе има уште неколку свои сонародници: Јонас Лосл, Мадс Бек Соренсен, Матијас Јоргенсен, Лука Рачиќ, Мадс Роерслев, Мадс Бидштруп, Матијас Јенсен и Кристијан Норгаард.




