
Во изминатата сезона 2021, во НРЛ се натпреваруваа вкупно шеснаесет екипи.
Од сезоната 2023, како седумнаесетти клуб во најквалитетната австралиска лига во рагби лиг ќе биде додаден и Долфинс.
Долфинс официјално ја добија лиценцата на 13 октомври, оставајќи ги со празни раце своите градски ривали Бризбејн Фајрхокс.
Новиот клуб ќе биде втор од градот Бризбејн, после веќе постоечките Бронкос и воедно четврт од сојузната држава Квинсленд заедно со Голд Коуст Титанс и со НК Каубојс.
Имено, новиот клуб, засега наречен Редклиф Долфинс, е еден од најуспешните во регионалните натпреварувања со дури шест титули од Квинсленд Куп.
Во НРЛ, ,,Делфините” ќе го делат ,,Ленг Парк” со Бризбејн Бронкос, а дел од мечевите ќе ги играат на ,,Мортон Дејли Стадиум” и на ,,Саншајн Коуст Стадиум”.
Новајлиите имаат цела година за да склопат квалитетен и конкурентен состав, кој, официјално, ќе биде предводен од искусниот тренер – Вејн Бенет.



