Во мечот од 8. коло на Бундеслигата Хановер беше подобар на гостински терен кај составот на Ерланген и славеше со 31-35, иако на полувреме губеше со 16-14.
Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски одигра без грешка и постигна 5 гола од исто толку обиди во победата на неговиот тим.



