
Во триесет и второто коло од грчката Супер лига, ОФИ Крит дојде до втората гостинска победа во календарската 2023 година.
Имено, претставниците на Хераклион ја совладаа Ламија на стадионот ,,Атанасиос Дијакос” со убедливи 1-4.
Победничкиот состав постигна по два гола во првото и во второто полувреме, а стрелци беа четири различни фудбалери, односно Џон Торал (8′), Марко Бакиќ (43′), Асан Диусе (61′) и Луиз Фелипе (88′).
Честа на домаќините ја одбрани Сотирис Цилулис (90+5′) длабоко во судиското надополнување со шестиот шут во рамките на голот на Христос Мандас.
За поразениот тим, македонскиот интернационалец, Стефан Ашковски, помина речиси половина час на теренот, откако во шеесет и четвртата минута влезе во игра на местото на Лазар Романиќ.
На табелата, Ламија остана на самото дно, додека ОФИ ја држи деветтата позиција.