
Екипата на Илвес дојде до третиот врзан триумф и со ,,едната нога” зачекори во плејофот на финската хокеарска Лиига.
Имено, во единствениот денешен натпревар, претставниците на Тампере го совладаа Спорт со 5-1.
Домаќините имаа водство од 5-0 во третата третина, а стрелци беа Ото Латвала (х2), Аку Рати, Балаш Шебок и Лестер Ланкастер.
Од друга страна, почесен погодок за гостите од Вааса постигна Јане Керанен.
На табелата, Илвес остана на второто место, додека Спорт се наоѓа на претпоследната позиција.