
Со денешната победа од 4-2, Авангард Омск дојде до четвртиот триумф на последните пет меѓусебни пресметки со Динамо Минск.
После две третини, гостите имаа водство од минимални 0-1, но во последниот период беа постигнати вкупно пет гола при што, ,,Јастребите” реализираа 4/12 шутеви.
За домашниот состав, во листата на стрелците се запишаа Корбан Најт, Владимир Ткачјов, Сергеј Толчински и Иван Телегин.
На спротивната страна, мрежата на Андреј Мишуров ја затресоа Никита Зоркин и Седрик Пакет.
На Истокот, Авангард се наоѓа на петтото место со речиси сигурно доигрување, додека Динамо Минск е осми во Западната конференција.