Последниот настан од олимписката програма во брзо лизгање на кратки патеки беше женската трка на 1500 метри.
На неа, шампионката од Пјонгчанг 2018, Корејката Мин-џеонг Чои (2:17,789), ја одбрани титулата стекната пред четири години.
Во тесен фотофиниш, во само три илјадинки разлика, Италијанката Аријана Фонтана (2:17,862) ја порази Холанѓанката Сузане Шултинг (2:17,865).
Фонтана, денес, дојде до својот единаесетти олимписки медал во кариерата, додека Шултинг ја доби првата поединечна бронза на ЗОИ.
Во финалето А се тркаа уште: Хана Десмет, Ксандра Велзебор, Ју-бин Ли и Хан Јутонг.