На штафетното машко натпреварување од брзо лизгање на кратки патеки на 5000 метри, ,,бронзената” селекција од Пјонгчанг 2018, Канада, се закити со злато.
Канаѓаните го освоија најсјајното одличје со време од 6:41,257 минути, а беа претставени од: Чарлс Хамелин, Максим Лаун, Стивен Дубуа и Паскал Дион.
На второто место заврши Јужна Кореја (6:41,679), односно Ли Џун-сео, Хванг Дае-хеон, Квак Јун-ги и Парк Џанг-хјук.
Во екстремен фотофиниш, во разлика од само девет илјадинки, Италија (6:43,431) и’ го ,,украде” бронзениот медал на Русија (6:43,440).
Боите на Италија на денешната трка беа бранети од: Пјетро Зигел, Јури Конфортола, Томазо Доти и Андреа Касинели.