АЕЛ Лариса го запиша третиот триумф во низа над својот градски ривал, Аполон Лариса, откако, во деветнаесеттото коло на Супер лига 2 Север, славеше со 0-2.
АЕЛ влезе во овој дуел како голем фаворит и со новите три поени ја задржа втората позиција на табелата и остана на шест поени заостаток во однос на лидерот Верија.
Од друга страна, Аполон и покрај поразот, излезе од опасната зона поради фактот дека АО Трикала загуби од Олимпијакос Б.
На денешното градско дерби, стрелец на двата погодоци беше Нигериецот Мариос Огбое (61′, 64′).
Поранешниот фудбалер на шкотски Хамилтон дојде до вкупно десеттиот гол во сезоната и е најдобар стрелец во редовите на тимот од ,,Алказар Стадиум”.