Плзен и Никола Костески се пласираа во финалето на плеј-офот во Чешка откако славеа со 3:1 во победи против Робе Зубри.
Денес на гостувањето Плзен славеше со 32:38. Никола Костески беше повторно непогрешлив со 2 гола од 2 обиди, придодаде 1 асистенција и 2 украдени топки. Играше повторно само во првиот дел додека Плзен не направи разлика додека во второто полувреме доби поштеда.