
Крикет репрезентацијата на Англија одигра девет мечеви против Пакистан во текот на изминатиот месец, на кои забележа седум победи, едно реми (прекинат меч) и еден пораз.
Позитивната енергија, играчите на ,,Гордиот Албион” ќе се обидат да ја пренесат и на наредните две пресметки, кои се закажани за почетокот на август против Индија.
Со Пакистан, Англија се натпреваруваше во еднодневен и во Т20 формат, додека со Индија, ќе ги одмери силите во тест крикет.
Првата средба на големите ривали ќе започне на 4 август на стадионот ,,Трент Бриџ” во Нотингем, кој според новото олабавување на рестрикциите, се очекува да биде стопроцентно исполнет.
Во пресрет на спектаклот, тренерот на Англија, Крис Силвервуд, ги назначи седумнаесетте играчи, кои ќе излезат на теренот.
На неговиот список се најдоа: Џоу Рут (капитен), Џејмс Андерсон, Џони Беирстоу, Дом Бес, Стјуарт Броуд, Рори Барнс, Џос Батлер, Зек Кроули, Сем Куран, Хасиб Хамид, Ден Лоренс, Џек Лич, Оли Поуп, Оли Робинсон, Дом Сибли, Бен Стоукс и Марк Вуд.