
Иако важеше за благ аутсајдер, Њупорт Каунти успеа да дојде до првиот триумф после два месеци.
Имено, во триесеттото коло од англиската Лиг 2, Велшаните го совладаа Свиндон Таун со конечни 2-1.
Пресвртна точка на натпреварот беше директниот црвен картон на Рашан Хепбурн-Марфи (15′), кој ги остави гостите со играч помалку до самиот крај.
Во второто полувреме, домаќините ги ,,решија” своите ривали, откако во листата на стрелците се запишаа Камерон Норман (55′) и Калум Каванах (79′).
Во судиското продолжение, ,,Црвените” успеаја само да го преполоват својот дефицит, благодарение на Томи Аделоје (90+1′), кој влезе во игра само една минута претходно.
На табелата, Свиндон остана на шестото место, додека Њупорт скокна на деветнаесеттата позиција, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.