
Халвор Егнер Гранеруд го зголеми своето водство во генералниот пласман, откако триумфираше на првото поединечно натпреварување во Вилинген, Германија.
Норвежанецот дојде до својата одма овосезонска победа и трета во низа, со скоковите од 149,5 и од 138 метри.
На втората позиција заврши Анже Ланишек, кој прескокна 150 метри во првата серија, а третопласиран беше Давид Кубацки.
Позади него следуваше неговиот сонародник, Пјотр Жила, а во топ 10 се пласираа: Карл Гајгер, Рјоју Кобајаши, Јохан Андре Форфанг, Штефан Крафт, Филип Раимунд и Андреас Велингер.