
Последните индивидуални трки од Светскиот куп во крос-кантри пред Светското првенство беа одржани денес во Тоблах, Италија.
Во женска конкуренција, на десет километри, најбрза беше Швеѓанката Еба Андерсон (23:24,7), која триумфираше по третпат сезонава.
,,Бронзената” од вчерашниот спринт, Џеси Дигинс (+13,3), се пласираше на втората позиција, а третото место го зазеде Ингвилд Флугштад Остберг (+33,2).
Од останатите скијачки, под четириесет секунди доцнеа само уште Надин Фендрих (+37,3) и Роузи Бренан (+39,0).
Кај мажите, секоја од првите седум позиции им припаднаа на Норвежаните од кои, најбрзи беа Паал Голберг (20:46,4), Симен Хегштад Кругер (+0,3) и Јоханес Клебо (+2,8).
Во продолжение се пласираа Харалд Остберг Амундсен (+5,2), Дидрик Тонсет (+12,1), Ханс Кристер Холунд (+16,4) и Ивер Андерсен (+19,0).