Екипите на Менли Си Иглс и Бризбејн Бронкос, на „Централ Коуст Стадиум“ го отворија петтото коло од овогодинешната НРЛ сезона.
Во првото полувреме, Бризбејн направи серија од 4-18 и се чинеше дека конечно ќе ја прекине својата „црна“ серија од два последователни порази.
Сепак, во вториот дел, Менли потполно го надигра својот соперник и направи серија од 16-0 и ја запиша третата победа сезонава.
За Бризбејн, поените ги постигнаа Стакс, Коудс и Бојд преку есеј односно Исаако преку трите успешни конверзии. За победничкиот тим, преку есеј поентираа Фуна, Чери-Еванс и Сули, а останатите поени ги запиша Герик преку две конверзии и два пенали.
Со оваа победа, Менли изби на шестото, а Бризбејн падна на десеттото место. Двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на сите останати конкуренти.



