Првиот натпревар по рестартот на сезоната, а воедно и првиот натпревар во второто коло од овогодинешната АФЛ сезона го одиграа Колингвуд Мегпајс и Ричмонд Тигерс.
Двете екипи забележија победа во првото коло – Колингвуд беше подобар од Вестерн Булдогс, додека Ричмонд славеше над Карлтон.
Исто така, овој меѓусебен дуел беше реприза на полуфиналето од 2018 кое Колингвуд го доби со (15.7) 97-58 (8.10).
Ричмонд, како актуелен шампион, ја имаше фаворитската улога во пресрет на натпреварот, но во првото полувреме ситуацијата на теренот беше тотално поинаква. Колингвуд, на паузата, водеше со (5.3) 33-19 (3.1), но во второто полувреме, Ричмонд успеа да се консолидира и да дојде до реми од (5.6) 36-36 (5.6).
Најефикасен играч на натпреварот беше Том Линч кој ги постигна сите деветнаесет поени за Ричмонд во првото полувреме.
Имено, ова е првото реми после 21 април 2018, кога Ст. Килда Сеинтс и ГВС Џајантс одиграа (10.13) 73-73 (9.19).