Традиционално на православниот Бадник заврши и 69. издание на Новогодишната турнеја во ски скокови.
Последната станица беше австрискиот Бишофсхофен, каде што на вчерашните квалификации славеше Камил Штох.
Истиот натпреварувач потполно издоминира и во двете денешни серии, така што, со денешната победа, рутински ја освои третата Новогодишна турнеја во својата кариера.
На второто место се пласира Мариус Линдвик, кој ги испушти претходните две натпреварувања поради забоболка, а како третопласиран заврши Карл Гајгер.
Во првите десетмина се пласираа уште: Штефан Крафт, Роберт Јохансон, Михаел Хајбок, Пјотр Жила, Андржеј Стекала, Јукија Сато и Даниел Хубер.
На турнејата, веднаш зад победникот Штох се пласираа Карл Гајгер и минатогодишниот победник Давид Кубацки.
Најголемо негативно изненадување во Бишофсхофен беше Маркус Ајзенбихлер, кој го загуби својот дуел од Евгениј Климов и не успеа да се пласира во втората серија. Пофалби заслужува Австриецот Даниел Чофених за освоениот прв поен на дебито во Светскиот куп.
📸 EPA/LISI NIESNER