Последниот и решавачкиот меч од меѓусебната Т20 серија помеѓу Нов Зеланд и Австралија беше одигран денес на ,,Скај Стадиум” во Велингтон.
На него, до победата, а воедно и до освојување на серијата, дојде Нов Зеланд, кој славеше со 143/3 (15.3) – 142/8 (20).
Имено, популарните ,,Блек Кепс” триумфираа на првите две средби, а потоа им дозволија на Австралијците да израмнат на вкупни 2-2.
Од новозеландските фрлачи, во првиот ининг најмногу се истакна Иш Соди (3-24), кој дојде до вкупна бројка од 13 викети на последните пет средби и беше прогласен за најдобар играч на серијата.
Што се однесува до удирачите на Австралија, капитенот Арон Финч и Метју Вејд беа најефикасни со 36, односно со 44 поени.
Во вториот ининг, викети за гостите освоија само Рајли Мередит (2-39) и Џај Ричардсон (1-19).
Од домашните поентери, Глен Филипс (34), Девон Конвеј (36) и Мартин Гаптил (71).
📸 Masanori Udagawa/Getty Images