Најквалитетната овосезонска трка во супервелеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа денес во австрискиот Заалбах.
На неа, до третата победа во кариерата дојде Швајцарецот Марко Одермат (1:23,59), кој на овој начин ја направи уште повозбудлива битката со Алексис Пантуро за кристалниот глобус.
На второто место се пласираше Матје Баје (+0,62), кој го освои првиот подиум во својата сениорска кариера.
Вчерашниот победник и новиот светски шампион во оваа дисциплина, Винсент Крихмајер (+0,81), се задоволи со третото место.
Како четвртопласиран заврши сензационалниот Рафаел Хаасер (+0,83), кој остана без подиум за само две стотинки.
Во продолжение, пласманот во првите десет го комплетираа: Жастин Муризие (+0,98), Беат Фојц (+1,17), Матијас Мајер (+1,28), Андреас Сандер (+1,54), Брајс Бенет (+1,56) и Даниел Хеметсбергер (+1,60).
📸 Alexis Boichard/Agence Zoom/Getty Images