Њујорк Ајландерс, по вторпат во низа, ги совладаа Бафало Сабрес со ист резултат, односно со 5-2.
Во нивниот синоќешен дуел, после 33 секунди игра, Бафало поведе со 0-1 преку Џејкоб Брајсон.
Вториот период беше кобен за гостите, кои примија четири погодоци за целосен пресврт и дефицит со 4-1 после четириесет минути игра.
Стрелци за тимот од Њујорк беа Метју Барзал, Брок Нелсон, Кал Клатербак и Скот Мејфилд.
Во првата минута од третиот дел, Сем Рајнхарт намали на 2-4 за Бафало, а една минута подоцна, Андерс Ли го постави конечниот резултат.
За Бафало, ова беше шести пораз во низа со кој останаа на дното на Источната дивизија, додека Ајлендерс, со четвртата врзана победа, избија на првото место.
📸 Gregory Fisher/Icon Sportswire via Getty Images