Тимот на Фиорентина ова лето нема да има проблем да изгради еден нов проект во кој што тимот ќе добие нов тренер, стопер, играчи од средината на теренот и напаѓачи и со тоа да се вклучат во борбата за Скудето и учество во групната фаза од Лига на шампиони. Нивниот сопственик од Сад со италијански корени, Роко Комисо кој неговото богатство се проценува на 5.5 милијарди евра , а тимот од Фиренца го купи за сума од 200 милиони евра во преговори е за топ засилувања.
За клупата се во конкуренција неколку познати имиња меѓу кои што менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, италијанецот Лучијано Спалети, Нико Ковач и Унаи Емери. Најголеми шанси му се даваат на хрватот Ковач кој е екс тренер на Баерн Минхен. На голманската позиција ќе се преговара со резервниот голман на Барселона, Норберто Нето кој што малку добива шанса покрај одличниот Тер Штеген.
На средината на теренот ќе има најголем број на засилувања, а меѓу нив во конкуренција се: Миралем Пјаниќ, Раџа Најголан, Бонавентура, Лукас Палета и Давид Силва, додека во нападот се планира Гонзало Игуаин и Белоти. Ако дел од овие планови се реализираат тогаш навистина Фиорентина ќе биде екипа која што ќе игра важна улога во Серија А.



