По повод празникот Велигден но и ситуацијата со пандемијата, ја искористивме оваа прилика и разговаравме со Ели Јаковска нашата фудбалска интернационалка во Турција која настапува за тимот на Конак Беледиеспор од Измир. За таа цел Јаковска напорно тренира и се одржува се со цел да остане во оптимална форма.
,,Тешко е нема натпревари и тренинзите се одржуваат индивидуално, секоја од нас имаме своја програма по која што треба да работиме. За промена возам и велосипед покрај море каде што физички ја одржувам формата и ми ги растрга мислите на позитивни нешта. Монотоно е, се едно исто се случува. Надвор кога си од својата држава е сосема нешто друго, но јас ќе се изборам и со оваа ситуација, ми преостанува да тренирам и сето ова се побрзо да заврши. Секоја работа носи своја тежина мора да се избориме. Во Турција сабота и недела е карантин, а преку недела слободно се движиме” – изјави Ели Јаковска.
Освен тоа Јаковска го честита големиот хистијански празник Велигден со порака за добро здравје, среќа, љубов и благосостојба. Таа во меѓудругото вози велосипед како солуција за нова активност и релаксација покрај море.