Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер направил список од пет имиња кои ќе си заминат од клубот ова лето, тврдат медиумите на Островот. Ова лето „Олд Трафорд“ ќе го напуштат Фил Џонс, Крис Смолинг, Андрес Переира, Џеси Лингард и Алексис Санчез. За овие играчи нема место во тимот и затоа најдобра варијанта за нив но и за клубот е да се разделат по долгогодишно соработување и на нивно место да дојдат нови засилувања.



