Вториот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки во 2021 беше лоциран во Сигулда, Летонија.
По трите трки во двојна, во машка и во женска конкуренција, целиот настан се затвори со петтата мешана тимска трка во сезоната.
Составот на Австрија беше најголем губитник од сите поради колосалната грешка на Маделен Егле, која го промаши дискот што игра улога на предадена штафета.
До победата дојдоа Русите (Татјана Иванова, Семјон Павличенко, Всеволод Кашкин и Константин Коршунов) со нов рекорд на патеката од 2:12,833.
На подиумот се пласираа Латвија (+0,167) и Германија (+0,189). Летонскиот состав го сочинуваа Елиза Тирума, Артурс Дарзниекс и браќата Андрис и Јурис Шикс, додека за Германците санкаа Натали Гајзенбергер, Феликс Лох, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт.
📸 Sebastian Widmann/Bongarts/Getty Images



