Андреј Јакимовски повторно го собори личниот рекорд. На гостувањето кај Стенфорд, постигна 19 поени до кои дојде со пет тројки од девет обиди со што беше прв стрелец во својата екипа. Досегашниот најдобар ефект на нашиот играч беа 15. поени од дуелот против Аризона, одигран на 2 јануари на домашен терен.
Јакимовски не беше крунисан со победа бидејќи Кугарс го претрпеа вториот пораз во сезоната и загубија со резултат од 60:75. Андреј Јакимовски беше прогласен за играч на натпреварот во тимот на Вашингтон Стејт Универзитетот. За 35 минути на теренот постигна 19 поени при тоа имаше и три скока иедна блокада.
Извор и фото: https://kfsm.mk