Финалето на трискок во женска конкуренција донесе сè што посакува неутралната публика, односно рушење на олимписки и на светски рекорд.
Имено, новата шампионка, Јулимар Рохас од Венецуела, во првиот обид прескокна 15,41 метри и на тој начин постави нов олимписки рекорд.
За неа, следуваа четири послаби изданија, но откако го загарантира златото, со шестиот обид постави нов најдобар резултат во историјата, односно 15,67 метри.
Единствена конкурентка што прескокна 15 метри беше Португалката Патрисија Мамона, која се закити со сребро со скокот од 15,01.
На третото место се пласираше Ана Пелетиеро со нов национален рекорд на Шпанија од 14,87 метри.