Серијата од четири победи на Болтон беше прекината денес во ремито од 0-0 против Колчестер, во првиот меч од 39. коло на англиската Лиг 2.
Имено, Болтон откако ги порази Кембриџ Јунајтед (2-1), Порт Вејл (0-1), Волсал (2-1) и Форест Грин (0-1), се очекуваше да ја продолжи победничката серија и против Колчестер, кој има само една победа во 2021.
Сепак и покрај ремито, поранешниот премиерлигаш не знае за пораз уште од 23 јануари, кога загуби од Транмер (2-1), односно цели четиринаесет натпревари.
На табелата, Колчестер остана на дваесет и првото место со пет бодови повеќе во однос на ,,црвената” зона.
Од друга страна, Болтон скокна на второто место, но со натпревар повеќе во однос на најблиските конкуренти.
📸 Dave Howarth – CameraSport via Getty Images



